Мрежите „горат“ поради внуката на Доналд Трамп: Што прави таа покрај воени авиони?

Точка

10/03/2026

15:30

1.227

Големина на фонт

а а а

Снимката од внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Каи Трамп, како позира на аеродромска писта со воени авиони во заднина, стана вирална, но и многумина ги разлути.

Објавата на корисникот на социјалната мрежа Икс, насловена како „воено селфи“ на која може да се види внуката на Трамп брзо се прошири на социјалните мрежи но и разбесни голем број корисници.

Имено, поради самиот назив, многумина помислиле дека внуката на Трамп е поврзана со актуелниот конфликт со Иран. Меѓутоа, се покажало дека станува збор  за снимка стара неколку недели.

Во снимката, што некој намерно повторно ја објавил на социјалните мрежи, 18-годишничката расположено се снимала, додека во заднина можат да се видат американски воени авиони.

Под спорната снимка веднаш се појавија бројни коментари кои предупредуваа на тајмингот, а многумина биле бесни што некој посакал да прикаже дека Каи има врска со војната на Блискиот исток.

„Снимката на Каи Трамп станува вирална поради снимање селфи со американските воени авиони зад неа. Каи објави селфи видео, но луѓето брзо забележаа што се случува зад неа“, напиша еден корисник.


Од друга страна имаше и такви кои тврдат дека снимката е објавена во реално време и ја обвинија Каи дека ја користи војната за лична промоција.

Исто така многумина алудирале и на тоа дека досега никој од семејството Трамп не служел во војската и дека Каи би можела да стане првата: „Ова е само потсетник дека има 18 години и дека е доволно возрасна за да ѝ служи на сопствената земја. Не мора само да се фотографира, може и вистински да учествува. Никој од семејството Трамп не служел војска… а Трамп ветераните ги нарекуваше наивни и губитници“, гласи еден коментар.