[ФОТО] Многумина тврделе дека е позгоден од Дикаприо: Обожавателите на „Титаник“ не можат да поверуваат како денес изгледа убавиот Италијанец од филмот

Точка

05/03/2026

20:20

971

Големина на фонт

а а а

Речиси три децении по премиерата на „Титаник“, социјалните мрежи повторно го извадија на површина еден „спореден“, но добро запаметен член од актерската екипа – актер за кого многумина и денес тврдат дека бил најзгодниот патник на несреќниот брод.

Иако главната ѕвезда беше Леонардо Дикаприо, се чини дека публиката зачувала посебни симпатии (и по некоја вљубена воздишка) за Дени Нучи, кој го толкувал Италијанецот Фабрицио.

Дискусијата на почетокот на годината ја започнал коментаторот за поп-култура Џон Валисон, кога ги прашал своите следбеници: „Како денес изгледа најзгодниот актер од Титаник?“ Со прашањето споделил и понова фотографија од Нучи и додал: „Искрено, Леонардо Дикаприо… може само да сонува дека вака ќе остари.“


Коментарите брзо се претвориле во своевидно колективно потсетување – и признанија без многу двоумење. „Фабрицио беше проклето згоден“, „Тој тип можеше да ме однесе на задното седиште во секое време. Беше прекрасен“, „Секогаш мислев дека е поубав од Леонардо“, „Ни сега не изгледа лошо“, се само дел од коментарите.

Неговата улога требало да биде поголема

Иако Фабрицио на многумина им останал во сеќавање, во финалната верзија на филмот нема голема минутажа. Но, не морало да биде така – според првичните планови неговата улога требало да биде значително поголема, но дел од сцените биле исечени во постпродукцијата.


Нучи во разговор за „Vanity Fair“ признал дека тоа на почетокот го погодило. „Кога првпат го гледав филмот, најсилен впечаток ми остави фактот дека во голем дел сум исечен“, рекол тој. Но веќе при второто гледање му станало јасно колку е голем филмот на Камерон и зошто кратењето било неопходно: „Дури кога го погледнав по вторпат успеав да ја сфатам величината на она што го направи Џим … Разбрав зошто тоа беше неопходно“, додал Нучи.


Меѓу исфрлените сцени била и оригиналната сцена на смртта на Фабрицио – многу побрутална и поексплицитна. Во неа тој очајнички се боел во ледената вода додека чамецот за спасување полека исчезнувал во сивилото, а потоа трагично загинал кога врз него паднал еден од оџаците на бродот. „Токму таа сцена беше една од оние што ме привлече кон улогата“, открил актерот.


Кариера по „Титаник“

По „Титаник“, Дени Нучи не исчезнал од сцената – напротив, продолжил да гради стабилна и препознатлива кариера.


Глумел во филмови како „Crimson Tide“ и „The Rock“, а публиката можеше да го гледа и во низа популарни серии, меѓу кои „CSI“, „Castle, Party of Five“, „House“,“ Just Shoot Me!“, „Snoops“, „9-1-1“, „Dynasty“, „The Chosen“ и „I Think You Should Leave with Tim Robinson“.


Се женел двапати

Нучи е роден на 15 септември 1968 година во австрискиот град Клагенфурт. Неговиот татко е Италијанец, а мајка му е со француско-мароканско потекло. Дел од детството го поминал во Италија, а потоа со семејството се преселил во Соединетите Американски Држави – најпрво во Њујорк, а подоцна во калифорниската долина Сан Фернандо.


Два пати стапил во брак. Првпат се оженил во 1995 година со Тере Бриџем – ја добиле ќерката Савана (родена 1996 година), а се развеле во 1998 година. Од 2003 година е во брак со актерката Пола Маршал, со која има ќерка Маја (родена 2005 година).