[ФОТО] Александра Шијакоска со емотивна порака за нејзиниот роденден: „Да, изгубив дете, да многу болеше, наместо да бројам години, бројам сила што не знаев дека ја имам“

Точка

06/03/2026

11:42

1.091

Големина на фонт

а а а

Битолчанката Александра Шијакоска која на јавноста ѝ е позната како инфлуенсерка што често објавува разни интересни содржини на социјалните мрежи, имаше тежок почеток на годинава, со оглед на тоа што беше ставена пред едно ново искушение.

Младата и убава Александра која е сопруга на Едмонд и мајка на прекрасното момче Риан, на 24 јануари откри дека го изгубила плодот и дека нивното синче кое требаше да биде нивна втора радост сега е во рајот.


Оттогаш таа се повлече од социјалните мрежи, но овојпат објави фотографии од нејзиниот роденден под кои напиша и емотивна порака:

„Сакав да го прескокнам роденденот. После сѐ, мислев тивко да помине. Ама ова е мојот прв роденден каде што Риан разбира. Гледа свеќа и знае дека треба да ја дувне.

Пее „happy to you мајчиче“. Баш тоа ми требаше. Потсетник. Дека сум жива. Дека сум мајка. Дека Бог ме благослови со дете и покрај се што помина моето тело и мојот ум. Да, изгубив дете. Двапати. Изгубив и многу други работи. Да, ме немаше. Да, многу болеше…

Ама денес полнам 33.


И наместо да бројам години, бројам сила што не знаев дека ја имам и се молам оваа година да сум среќна, наместо силна.

happy to me“.