Капело за клучниот момент што го реши дербито во Милано: Срамно, скандалозен пенал…

Дерби

10/12/2025

12:00

157

Големина на фонт

а а а

Интер го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите и тоа од премиерлигашот Ливерпул кој славеше на „Џузепе Меаца“ со 1-0.

Се водеше кон тоа дека ова соочување ќе заврши без голови, но во финишот на средбата беше досуден еден дискутабилен пенал по контактот што дефанзивецот Бастони го имаше со Вирц.

Главниот судија Феликс Цвајер во прв момент не реагираше и дозволи играта да продолжи, но по повикот од колегите и прегледувањето на снимката се реши да покаже на белата точка, ситуација која Собослаи ја искористи и донесе три бода за англискиот првак.

- Тоа е скандалозен пенал – не разбирам зошто ВАР мораше да интервенира кога судијата го виде сето тоа, очигледната симулација на фрлање на земја, - истакна веднаш по мечот Фабио Капело.

- Воопшто не го разбирам ВАР вечерва, беа потребни 3 минути за да се поништи чист гол со рака. И го повикаа судијата поради влечење на дрес што значи дека ќе имаме милион пенали по натпревар. Тие поставија преседан и тоа е срамно“, заклучи Капело.

За разлика од Фабио, тренерот на Интер, Кристијан Киву даде еден политички коректен одговор.

- Ретко коментирам за судиските одлуки. Зборувам за образование и што треба да ги учиме луѓето, особено во Лигата на шампионите. Судијата беше во одлична позиција да го види целиот инцидент и одлучи дека не заслужува пенал. Кога VAR интервенира, мора да се разбере динамиката на играта. Мора да ги прифатиме одлуките и да научиме да се бориме против неправдата, да бидеме повнимателни кон овие работи и да се обидеме да се фокусираме на добрите работи што можеме да ги направиме, - порача Романецот.