Матеус го предупреди Алонсо: Тоа на Белингам и Винисиус не им се допаѓа…

Дерби

09/12/2025

14:12

1.599

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид влезе во една мини криза по победата над Барселона во „Ел Класико“ и веќе се појавија информации дека мечот со Манчестер Сити може да биде последен за Чаби Алонсо на клупата на „кралевите“.

Клубот од шпанската престолнина на последните осум средби забележа само три победи, трипати ремизираше и двапати загуби од Ливерпул и Селта Виго со тоа што на дел од мечевите доста проблематична беше самата игра на екипата. Се очекува многу повеќе од Реал особено по летните инвестиции и Алонсо сигурно почнува да го чувствува притисокот.

Имаше и информации дека атмосферата во соблекувалната е далеку од идеална и дека дел од играчите не се задоволни од начинот на таботата на Шпанецот. Некои работи забележа легендарниот Лотар Матеус и го предупреди Чаби да внимава особено на Џуд Белингам и Винисиус Жуниор.

- Тој е поинаков тренер од Карло Анчелоти.Италијанецот беше повеќе како татковска фигура, давајќи им на своите играчи повеќе слобода – особено на теренот. Алонсо, како што сите знаеја однапред, ги цени деталите како дисциплина, точност и организација на теренот. Под водство на Анчелоти, Реал Мадрид повеќе се потпираше на индивидуалниот квалитет на своите играчи. Алонсо продолжува да им дава слобода, но исто така им дава на ѕвездите повеќе насоки на теренот. Играчи како Џуд Белингам или Винисиус можеби нема да се справат толку добро со тој пристап.

- За Алонсо, фокусот не е на поединеcot, туку на тимот. Тоа функционираше добро во Леверкузен. Флоријан Вирц сигурно имаше своја слобода таму. Но, Алонсо очекуваше сите негови играчи да придонесат во одбраната. Ако на играчот тоа не му се допаѓа, ќе има тешкотии со тренерот.

- Мора да се преиспитате себеси, мора да зборувате отворено, мора да разговарате еден со друг. На крајот на краиштата, сепак, тренерот одлучува како ќе игра тимот и кој ќе игра. И убеден сум дека Алонсо е добар избор за Реал Мадрид, но на свој начин, - порача Лотеус.