Ливерпул успеа да го совлада Интер (1-0) во Лигата на шампионите и со тоа да се пробие во Топ 8 местата кои носат директен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување.
Меѓутоа сосема очекувано овој триумф падна во втор план затоа што се уште актуелна е темата Мо Салах кој по последната дадена изјава по средбата со Лидс беше изоставен од тимот за соочувањето во Милано.
- Треба да зборуваме за тоа што направивме вечерва, но целосно разбирам дека и во петок, на прес-конференцијата (пред натпреварот со Брајтон во сабота), сите прашања ќе бидат за Мо.
- Ги одвојувам овие работи. Беше навистина тешко за играчите кога примија гол во последен момент против Лидс. Беше навистина тешко да се прифати. Само по себе беше емотивно, а и она што се случи потоа беше исто така емотивно. Имаше само 13 играчи на располагање кои имаа искуство во Премиер лигата или Лигата на шампионите. Примаш гол и потоа многу се зборува. Секако, тоа влијае и на играчите бидејќи тој (Салах) беше толку влијателен за клубот и играчите, па никогаш не е убаво кога нешто ќе им се случи на твоите соиграчи, - истакна Арне Слот.
Слот се обиде да ја разбере реакцијата на Салах во тој момент, но сега очекува сосема поинаква.
- Секој прави грешки во животот, но дали играчот знае дека направил грешка? Дали иницијативата треба да дојде од него или од мене? Тоа е друго прашање. - заврши Холанѓанецот.







