Аталанта е тим кој никогаш не треба да се потцени и тоа на своја кожа го почувствува премиерлигашот Челси кој иако водеше во Бергамо на крајот загуби со 2-1.
Калчолигашот пред само неколку дена беше декласиран од Верона со 3-1 и многумина веруваа дека Челси ќе ги „дотепа“ во оваа ситуација, но се случи обратното и „Ла Деа“ одговори и зема скалп на тимот кој е актуелен светски клупски шампион.
- Многу сум среќен, бидејќи беше магична вечер пред нашите навивачи. Игравме против многу силен противник, бев импресиониран од нивниот технички квалитет и брзина. Ова ѝдава дополнителна вредност на нашата победа и потврдува колку вредиме. Како што им кажав во централниот круг, не можеме да бидеме толку недоследни. Сакам да верувам дека Верона беше само грешка, бидејќи ни треба овој дух и ДНК на Аталанта во секој натпревар. Тие беа совршени вечерва, имавме само еден ден да се подготвиме за натпреварот и им се заблагодарувам.
- Овој тип на перформанси и резултат навистина можат да ви ја зголемат самодовербата, но сега мора да се фокусираме на следниот натпревар од Серија А, - порача тренерот Рафаеле Паладино.
Сега Аталанта е најдобриот италијански клуб во ЛШ со 13 освоени бодови.
- Не ја видов табелата, но искрено сум фокусиран само на нашата табела во Серија А. Мора да сфатиме дека сме премногу назад и дека она што го видовме против Верона минатата сабота никогаш повеќе не смее да се случи. Знам дека не е лесно секогаш да се има ваков став, но мора да го задржиме начинот на кој пристапивме вечерва. Да завршиме меѓу првите осум би било извонредно, но сега мора да се фокусираме на Серија А, - заклучи Паладино.











