Арсенал важи за клуб кој можеби има најдобар, најкомплетен состав во Европа, клуб кој на секоја позиција има по двајца-тројца играчи кои можат соодветно да одговорат и да се стават на располагање во секое време.
Токму поради ова „топчиите“ успешно се справуваат и кога имаат повреди, листа на која долго време беше Габриел Жезус. Многумина дури и забоораваат дека Бразилецот се уште е дел од Арсенал, но тој е тука, најтешкото е зад него и има максимална поддршка од соиграчите да го прикаже она што го знае и умее во периодот кој е пред нас.
- Навистина е добар, го обожавам. Секогаш велам дека тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот за мене. Навистина сум среќен што се врати. Одлично е што се врати, не само на теренот, туку и надвор од него, бидејќи поминувате помалку време со тимот кога сте повредени.
- Навистина е добро што се врати бидејќи е одлично да се игра со него, сака да се поврзува и да ротира. Се надевам дека ќе добие неколку минути во следниот натпревар и ќе може да го покаже својот талент. Тој е толку искусен. Има одиграно толку многу натпревари за Сити, за нас, за Бразил. И сè уште е толку млад, му го велам тоа. Навистина е добро што се врати, навистина сум среќен и се надевам дека ќе може да го покаже својот талент, - истакна Габриел Мартинели.







