Атаман: Шенгун е подобар од Јокиќ, тој е најдобар центар…

Дерби

10/12/2025

11:58

125

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Панатинаикос и актуелен турски селектор, Ергин Атаман испрати големи комплименти на адреса на членот на Хјустон Рокетс, Алперен Шенгун.

Шенгун има забележителни партии во НБА лигата, тој дефинитивно е најдобар турски кошаркар, но Атаман отиде и подалеку порачувајќи дека сонародникот е подобар дури од Никола Јокиќ во еден сегмент.

- Шенгун е најдобриот центар во светот во моментов по способност за додавање. За мене, тој е најдобар. Подобар е од Јокиќ. Можете да го користите како плејмејкер за време на натпреварот. Тој е исклучително добар додавач, невозможно е да го браните еден на еден, а исто така е и многу добар скокач, - порача Ергин.

Алперен кој освои сребро со Атаман на ЕП, моментално има просек од 23,1 поен, 9,1 скока и 7,1 асистенции за Хјустон во НБА лигата, Јокиќ пак има учинок 29,2 поени, 12,3 скока и 11,0 асистенции по натпревар.

Србинот во својата досегашна НБА кариера, низ 768 натпревари во текот на 11 сезони иима просек од 7,3 асистенции.