Тајсон ја најави борбата на сите времиња: „Ќе ги срушиме сите рекорди!“

Точка

10/12/2025

12:26

598

Големина на фонт

а а а

Големиот боксерски спектакл конечно доби официјална потврда: Мајк Тајсон и Флојд Мејведер во март ќе влезат во ринг еден против друг, а мечот ќе се одржи во Африка.

Веста предизвика огромен интерес бидејќи станува збор за двајца од најголемите боксери во историјата, чиј директен судир до скоро звучеше како чиста фантазија.

„Искрено, мислев дека ова никогаш нема да се случи. Но Флојд рече ’да‘“, призна Тајсон, додавајќи дека и самиот е изненаден од одлуката на противникот. Според него, борбата е „целосно неочекувана“ и симбол на една нова ера во која боксот сè почесто приредува неверојатни изненадувања.


„Сè уште не можам да поверувам дека Флојд навистина го сака ова. Ќе биде опасно за неговото здравје, но тој го бара тоа и сè е потпишано“, изјави Тајсон, алудирајќи на големата разлика во килограмите меѓу двајцата.

„Ќе биде неверојатно, ќе ги срушиме сите рекорди. Ова може да биде еден од најголемите спортски настани во историјата.“


Мајк Тајсон (59) ја заврши својата професионална кариера уште во 2005 година, а минатата година накратко се врати во рингот во дуелот со Џејк Пол. Во текот на кариерата настапуваше во тешка категорија со околу 100 килограми.

Флојд Мејведер (48) последниот професионален меч го одработи во 2017 година против Конор Мекгрегор, а за време на кариерата се натпреваруваше во рамките на лесна до велтер категорија, односно меѓу 60 и 70 килограми.