Челси доживеа пад во формата по серијата на добри резултати која беше крунисана со триумф над Барселона во Лигата на шампионите и реми со Арсенал во Премиер лигата во меч во кој поголемиот дел го одигра без исклучениот Каиседо.
Меѓутоа од тие натпреварите „сините“ паднаа, заборавија да победуваат и на трите средби надвор од „Стемфорд Бриџ“ загубија од Лидс и Аталанта, додека ремизираа без голови против Борнмут.
Токму поради ова има прашања за тоа дали Челси има пред се сила да направи нешто во Премиер лигата, да ја нападне титулата, нешто што за некогашниот италијански репрезентативец Џанфранко Ѕола е реално и може да се случи без разлика на тоа што сега Арсенал има осум бода повеќе на табелата.
- Освојувањето на Премиер лигата е секогаш тешко, но зошто да не? Тој натпревар со Арсенал беше одличен знак за нивната зрелост. Играњето толку долго 10 против 11, и играњето на начин што значеше дека воопшто не страдаа многу против веројатно најдобриот тим во Европа во моментов, е знак за голема сила.
- Истото може да се каже и за начинот на кој ја ограничија Барселона дури и пред нивниот црвен картон. Навистина сум импресиониран од Мареска, и тоа не само затоа што веќе освои титули. Тој елемент е навистина важен, туку она што навистина ми се допаѓа е чувството за идентитет на тимот. И покрај тоа што е млад, и покрај тоа што има толку голем состав со толку многу одлични играчи од кои се обидува да го извлече најдоброто, тој веќе даде навистина јасен, богат и препознатлив идентитет.
- Тоа добро се одразува на Мареска, а бидејќи е сè уште толку млад, сè уште има многу простор за уште поголем напредок како тренер. Не го познавав лично пред да дојде во Челзи, но го следев она што го правеше во Лестер и можев да видам дека имаме работа со сериозен тренер. Работеше со и за [Ариго] Саки, Мануел Пелегрини, [Пеп] Гвардиола. Имаше одлична основа, - порача Џанфранко кој мина седум години од играчката кариера во дресот на Челси.











