„Чкембари“ со огномет среде ноќ ги вознемируваа ракометарите на Вардар

Дерби

10/12/2025

11:24

127

Големина на фонт

а а а

Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе ги одмерат силите во вечерашното дерби во Суперлигата, меч закажан за 18 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Вардарци славеа во првото соочување во Скопје со 31:28, но тоа се заборава, ова е нов меч кој е од огромно значање пред се за домаќините кои по 15 кола веќе заостануваат четири бода зад големиот ривал.

Тоа добро го знаат навивачите на Пелистер, популарните Чкембари кои имаа една акција, најава за дербито и среде ноќ „испорачаа“ огномет пред хотелот каде што се сместени „црвено-црните“.

- Да покажеме гостопримливост. Нема мирна ноќ за вардарци. Утре ќе ве докрајчим, - порачаа Чкембари.