Кит Урбан потпишал „кокаинска клаузула“ пред бракот? Сега би можел да добие милиони

Точка

25/11/2025

15:16

1.053

Големина на фонт

а а а

Никол Кидман призна дека по „разорувачкиот“ развод од Кит Урбан се чувствува „скршено“. Актерката и пејачот беа во брак 19 години, а веста за нивната разделба се појави во септември.

Според пишувањето на „LADbible“, Урбан наводно се отселил од заедничкиот дом месеци пред приказната да стане јавна.

Иако со години важеа за еден од постабилните холивудски парови, изгледа дека Кидман го дочекала крајот на бракот неподготвена. Со музичарот има две ќерки, а како што откриваат извори блиски до актерката, таа сè уште се обидува да се привикне на новото животно поглавје. Покрај емоционалниот удар, пред неа стојат и потенцијални финансиски последици поради една невообичаена одредба од нивниот предбрачен договор.


„Кокаинска клаузула“

Медиумите изминатите денови повторно ја отворија темата за т.н. „кокаинска клаузула“, одредба во предбрачниот договор која наводно била воведена поради поранешната борба на Урбан со зависноста од алкохол и дроги. Според таа клаузула, пејачот би добивал 900 илјади долари за секоја година од бракот во која би останал трезен. Бидејќи биле во брак речиси две децении, се работи за сума која, доколку условот е исполнет, би можела да достигне извонредно висок износ.


„Ќе се чувствуваш скршено, но низ тоа се минува“

Кидман во разговор за „Harper’s Bazaar“, иако не го спомнала директно разводот, дала до знаење дека минува низ тежок период. На прашањето за предностите на стареењето, таа споделила лично и емотивно размислување.

„Постои нешто во сознанието дека, без оглед колку нешто е болно, тешко или разорувачко, постои пат низ него. Мораш да го почувствуваш тоа. Не можеш да го отапиш“, рече таа. „Понекогаш ќе изгледа непребродливо. Ќе се чувствуваш скршено, но ако се движиш нежно и полека, а тоа може да трае многу долго, ќе помине“.

Борбата со зависностите на музичарот

Парот со години отворено зборуваше за проблемите со зависноста на Кит. Во претходни интервјуа, пејачот истакнувал дека токму Никол одиграла клучна улога во неговото закрепнување, вклучувајќи и интервенција што ја организирала само неколку месеци по венчавката.


„Низ сите години пиење и дрогирање го имав тој одреден глас во себе кој ми велеше: ‘Еден ден ќе дојдеш до раскрсница’. Знаев дека тој момент дошол. Помислив: ‘Или ќе се извлечеш од ова или никогаш нема’“, изјавил Урбан.

Кидман, која има 58 години, официјално поднела барање за развод на 30 септември, наведувајќи ги „непомирливите разлики“ како причина. Според судските документи, поранешните сопружници планираат да продолжат заеднички да ги одгледуваат своите ќерки, иако Урбан ќе има старателство само 59 дена годишно.