[ВИДЕО] Преживеал 8 дена на отворен океан, па бил обвинет за убиство на сопствената мајка: Нетфликс ја носи оваа трагична вистинска приказна

Точка

25/11/2025

12:56

524

Големина на фонт

а а а

Љубителите на „true-crime“ жанрот имаат нова „возбуда“, бидејќи на „Netflix“ стигна документарецот "The Carman Family Deaths". Сериијата детално ја истражува шокантната приказна на Линда Карман и нејзиниот син Нејтан, чие патување во 2016 година се претворило во, како што се наведува, "модерна грчка трагедија".

Во документарецот се појавуваат таткото на Нејтан и поранешен сопруг на Линда, Кларк Карман, како и истражителите кои работеле на случајот, кој и денес останува покриен со вел на тајна.

Што се случило на судбинскиот излет?

На 17 септември 2016 година, 54-годишната Линда Карман и нејзиниот 22-годишен син Нејтан отпловиле од Род Ајленд за ноќен риболов. Тоа бил излет на кој веќе многу пати биле, но кога не се вратиле дома, нивната богатата фамилија ја алармирала Крајбрежната стража. Следувала масовна потрага на голема област, а Нејтан бил пронајден осум дена подоцна како плови на спасувачко пловило. Телото на неговата мајка Линда никогаш не било пронајдено.

Во најавата за Netflix-овиот документарец, член на Крајбрежната стража, кој работел на случајот, изјавил дека ситуацијата веднаш му изгледала сомнително. Со оглед на тоа дека Нејтан бил сам на море повеќе од еден ден, бил необично "полн со енергија" и со леснотија допловил до колутот за спасување и се качил на бродот. Не покажувал знаци на дехидрација или хипотермија. „Океанот крие многу тајни", рекол членот на Крајбрежната стража.

По спасувањето, Нејтан им раскажал на властите дека бродот почнал да тоне откако подот во кормилницата попуштил. Тврдел дека во тој момент ја испратил мајка му да ги повлече риболовни жици и дека по потонувањето повеќе не ја видел ниту ја чул. Нејтан, кому во детството му бил дијагностициран со Аспергеров синдром (денес дел од пошироката категорија на нарушувања од аутистичниот спектар), не испратил повик за помош.


Во интервју за „ABC News“ во 2017 година, Нејтан изјавил: „Се качив на спасувачкото пловило и гледав околу себе, и ја повикував мајка ми. Не ја видов ниту ја слушнав, и свиркав со три гласни, кратки свирки, што е сигнал за помош." Новинарката Линзи Јанис ја нарекла неговата приказна "фрагментирана" и полна со "празнини".

Нејтан додал: „Претпоставувам дека, ако беше на површината и свесна, ќе ме повикуваше, и јас би ја нашол. Но не знаев зошто тоа не се случи."

Сомнежи, обвинувања и трагичен крај

Кога полицијата започнала подетална истрага, откриле дека Нејтан поднел барање за осигурување за изгубениот брод. Барањето било одбиено поради "празнини во неговата приказна". Подоцна, судијата утврдил дека Нејтан направил неисправни поправки на бродот, што предизвикало сомнежи дека можеби е одговорен за потонувањето и смртта на својата мајка.

Нејтан бил уапсен и обвинет за убиство на мајка си во 2022 година. Тој се изјаснил за невин и тврдел дека не е виновен. Судскиот процес требало да започне во октомври 2023 година, но до него никогаш не дошло. Во јуни истата година бил пронајден без свест во својата ќелија во затворот во Њу Хемпшир по што починал. Обвинувањата против него на крајот биле отфрлени.

Каде е Кларк Карман денес?

Таткото на Нејтан, Кларк Карман, кој исто така учествува во документарецот, цело време бил покрај својот син. Иако многумина го сметале за виновен, Кларк тврдел дека Нејтан е жртва и дека нема никаква улога во смртта на Линда.


Во документарецот, Кларк Карман ги нарекол шпекулациите и истрагата против неговиот син "неосновани". Тој нагласил дека судот, полицијата и ФБИ не го зеле предвид фактот дека Нејтан бил на аутистичен спектар и дека сè што ѝ се случило на Линда била трагична несреќа.

Во август 2022 година, додека адвокатскиот тим на Нејтан барал негово ослободување, Кларк му испратил лично писмо на судот, во кое го нарекол својот син "одговорен човек" кој не претставува закана за другите. Напишал дека верува дека Нејтан немал причина да и наштети на својата мајка. По смртта на Нејтан во 2023 година, Кларк се повлекол од јавноста, сè додека не прифатил да даде интервју за Netflix-овиот документарец.