[ФОТО/ВИДЕО] Македонските уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Хана Корнети, театарот „Сенки и облаци“ и Ѓорѓи Митревски автори на новиот спот на Дарко Рундек и ЕКИПА - „Плес на танком леду“

Точка

25/11/2025

14:32

241

Големина на фонт

а а а

Вчера премиерно беше претставен видеоспотот за најновиот сингл од претстојниот албум „Плес на танком леду“ на Дарко Рундек и ЕКИПА.

Новата песна, опишана како шаманска и сонлива, е резултат на авторската соработка помеѓу Ана Ковачиќ и Дарко Рундек, носејќи ја препознатливата длабочина и креативна љубопитност карактеристична за двајцата уметници.


Видеото што беше објавено со песната е резултат на неочекувана уметничка врска. Изборот на авторскиот тим се случил откако Дарко и Санда Хржиќ учествуваа на уметничка работилница посветена на заштитата на реките во 2023 година во Котли, Истра. Меѓу делата што беа создадени за време на процесот и кои минатата година беа претставени во Археолошкиот музеј во Загреб , се издвои видео од македонските уметници Хана Корнети, Ѓорѓе Јовановиќ, театарот „Сенки и облаци“ и Ѓорѓи Митревски.

Воодушевени од нивната работа, Дарко Рундек и Санда Хржиќ ги поканија македонските автори да ја креираат визуелната приказна за новиот сингл. Уметниците со задоволство ја прифатија поканата, создавајќи видео кое стилски и концепциски го надополнува музичкиот израз.

Режијата, монтажата и дизајнот е на Ѓорѓе Јовановиќ, сценариото на Хана Корнети, глума и сценографија – „Сенки и облаци“, додека за продукцијата и камерата беше задолжен Ѓорѓи Митревски.


Како уметнички соработник е потпишана Санда Хржиќ.