[ВИДЕО] Тијана Дапчевиќ искрено за бракот со Милан: „Имаше кризи, четири пати се пакував, бев позната по тоа дека сум бурна“

Точка

25/11/2025

14:45

1.527

Големина на фонт

а а а

Милан и Тијана Дапчевиќ се венчале на 28 април 2001 година, а Тијана Дапчевиќ овојпат зборувала поискрено од кога и да е за турбуленциите во нивниот брак.

Пејачката Тијана Дапчевиќ е во брак со Милан веќе 24 години, а во интервју за „Scandal“ открива дека во текот на две децении од нивната љубов имало кризи и дека неколку пати размислувала да го напушти.

Ја открила вистината за аферата на сопругот со келнерка

„Имаше кризи и моменти поради тоа што јас бев позната по тоа дека сум бурна, дека пламнувам, дека во некои моменти немаше „размисли, па кажи“. Јас сигурно се пакував четири пати... Се пакував многу одамна, некоја кавга, глупост и јас се пакував“, вели Тијана, но открива и дека не се спакувала кога станувало збор за наводната афера на нејзиниот сопруг со извесна келнерка.

„Тогаш не се спакував, немаше криза, знаевме дека сето тоа е измислено и не постои“.

Тијана Дапчевиќ за бракот говорела во суперлатив, а особено за својот сопруг Милан за кого истакнува дека во него никогаш не се сомневала.


„Сопругот не сум го изневерила никогаш“

„Сопругот никогаш не сум го изневерила, ниту сум помислила да го направам тоа. Никогаш не се каравме, тоа поради коешто јас се пакував беа такви глупости. Тогаш живеевме на Баново Брдо, јас ќе спакував шест куфери и чекав, тој ќе дојдеше и ќе кажеше: Што е сега пак?

Не би заминала никогаш и никогаш не заминав. Не разговаравме по два часа, тоа е сѐ. Глупости. Не ни помислував да си одам, тоа е најлесно“, вели Тијана и истакнува дека суштината е во едноставноста.


„Нема рецепт за среќен брак. Јас да го знам рецептот би напишала книга. Кај нас нема ексклузива, нема љубовници, нема љубовнички, има само една здодевна приказна за луѓе кои не заборавиле да се негуваат. Мојот сопруг е обичен човек од 55 години којшто ме сака и тоа секојдневно го чувствувам, зошто би го контролирала“, истакнала Тијана за „Scandal“.