[ФОТО/ВИДЕО] Еве како изгледа венчавка од 6 милиони долари: Настапила Џенифер Лопез и заработила вртоглава сума, а присуствувал и Доналд Трамп Помладиот

Точка

25/11/2025

17:10

770

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез настапила на раскошната свадба на Нетра Мантена, наследничката на индискиот милијардер Рама Раџу Мантена, каде што била послужена спектакуларна свадбена торта во форма на палата.

Нетра, ќерка на индискиот фармацевтски магнат Рама Раџу Мантена, се омажила за технолошкиот претприемач Вамси Гадираџу на раскошна церемонија во палатата Таџ Лејк во Удајпур оваа недела, а палатата се појави и во филмот за Џејмс Бонд од 1983 година „Октопуси“.



Џеј Ло била и гостинка и изведувач на раскошната свадба – за која се верува дека чинела околу 6,7 милиони долари – додека Доналд Трамп Помладиот и неговата партнерка Бетина Андерсон исто така присуствувале.


Меѓу другите познати гости беа голем број актери од А-листата на Боливуд, како што се Рам Чаран, британската пејачка и актерка Софи Чоудхури и Нора Фатехи.



Инаку Лопез на бината не оставила многу простор за имагинацијата појавувајќи се во различни костими и пеејќи своите хитови, вклучувајќи ги „Waiting for Tonight“ и „On The Floor“, додека гостите се забавувале и веселеле со звуците на нејзините хитови.




Во еден момент, облините на 56-годишната пејачка речиси испаднале од трикото во кожа боја за време на енергичниот танц.



Таа, исто така носела и тесно, полупроѕирно црно боди, што им овозможило на гостите поглед на нејзините познати облини.



Пред настапот, американската пејачка била фотографирана со младенците, носејќи украсено сари и смарагден накит, а како што пренесе „Page six“ Џеј Ло заработила два милиони долари од настапот на оваа свадба.


Свадбената торта со повеќе нивоа била целосно бела и обликувана како мала палата, украсена со скулптури на слонови, лавови и цвеќиња.

Фотографии од тортата кружат на социјалните мрежи, а корисниците се восхитуваат на нејзиниот изглед.


Сепак, наводната цена на луксузната свадба од 6,7 милиони долари предизвика револт, а според локалните извештаи, мештаните го критикувале парот поради „расфрлање со пари“.


На свадбата присуствувале и бројни боливудски ѕвезди, вклучувајќи ги Ранвир Синг, Мадури Диксит, Крити Санон, Шахид Капур, Жаклин Фернандез и Каран Џохар.

Бизнис лидери, холивудски ѕвезди и политички личности биле забележани како се сместуваат во луксузни хотели во Удајпур за свадбата.




Додека Лопез доминирала на бината, Трамп Помладиот и Бетина изгледале позаљубени од кога било, смеејќи се и уживајќи за време на прославата. Не ги тргале рацете еден од друг, а во еден момент Бетина го прегрнала насмеаниот Трамп помладиот.