За одредени луѓе со специфични здравствени состојби, прекумерното внесување банани или дури и редовното консумирање може да направи повеќе штета отколку корист.
Бананите често ги фалат како „здрава ужина“, полни се со калиум, влакна, витамини Б6 и Ц, но како и многу други намирници, тие не се универзално безбедни за секого.
Кои луѓе треба да бидат внимателни?
Луѓе со тешко оштетување на бубрезите

Бананите се богати со калиум, што е инаку добро за здравјето на срцето и крвниот притисок. Меѓутоа, кај пациентите што имаат намалена функција на бубрезите или се на дијализа постои ризик од хиперкалемија (превисоко ниво на калиум во крвта), пишува „Срце.орг“ (Heart.org). Премногу калиум може да предизвика срцеви аритмии или дури и срцев застој.
Луѓе кои користат лекови кои значително влијаат на нивото на калиум
„Тајмс оф Индија“ додава дека, ако земате лекови како што се диуретици, кои го чуваат калиум, АЦЕ-инхибитори, антагонисти на алдостерон или АРНИ лекови за срце, јадењето храна богата со калиум (како што се бананите) може да предизвика несакани ефекти, односно нуспојави.
Луѓе со дијабетес кои мораат да водат многу прецизна контрола на јаглехидратите

Една банана со средна големина содржи околу 26 грама јаглехидрати, што може да биде значаен дел од дневниот внес кај луѓето кои мора стриктно да го следат внесот на јаглехидрати.
Зошто се случува тоа?
Калиум
Бананите се добар извор на калиум, кој е корисен во повеќето случаи, помага во регулирањето на крвниот притисок, работењето на срцето и нивоата на течности во телото. Но, кога бубрезите не можат соодветно да го излачуваат, вишокот калиум станува опасен, се наведува во студијата.

Јаглехидрати
Иако бананата не е „бомбастично слатка“, за луѓе кои мора да го следат внесот на шеќер и јаглехидрати, бананата може да биде значајна за внесување, наведуваат од Клиниката Кливленд.
Што можете да направите?
Ако имате хронична болест на бубрезите или сте на терапија за срце која влијае на калиумот, задолжително консултирајте се со нефролог или со кардиолог пред да внесете големи количини банани во вашата исхрана.

Размислете за алтернативи кои имаат помала содржина на калиум, на пример, некои други видови овошје или намалете ја порцијата банани.
Ако сте дијабетичар или внимавате на внесот на јаглехидрати, бананата може да биде дел од вашата исхрана, но внимателно испланирана, во комбинација со протеини или влакна што го забавуваат зголемувањето на шеќерот во крвта.
Секогаш проверувајте ја состојбата на вашите лабораториски наоди, нивото на калиум во крвта, функцијата на бубрезите, терапиите што ги користите и соодветно прилагодете ја вашата исхрана во склад со тоа.










