Мајчина душица, растението со нежни цветови и опоен мирис е едно од најскапоцените сојузници во текот на зимата.
Иако делува нежно, во себе носи моќ и од минатото се користи во борбата против инфекции на органите за варење и дишење.
Не е случајно што во народот го нарекуваат „антибиотик за сиромашни“ затоа што во студените, влажни денови, кога вирусите стапуваат на сцена, топлиот чај од мајчина душица ги грее и чисти дишните патишта и му помага на телото да ја врати силата.

„Благодарение на етеричните масла богати со тимол и карвакрол, мајчината душица му помага на организмот да се одбрани од респираторните инфекции и да го олесни искашлувањето“, пишува Момчило Антониевиќ.
Тој препорачува да се пие чај превентивно, особено во сезоната на вируси, како и при првите симптоми на грип или настинка.
Во комбинација со тимијан којшто има слични дејства и блага арома напитокот станува делотворен. Ова растение му помага на телото да го исфрли вишокот слуз, да ја ублажи кашлицата и да донесе смирувачки ефект, што е особено важно кога организмот се бори со инфекции.
Мајчината душица е позната по своите антиоксидантски својства, односно содржи розмаринска киселина и флавоноиди кои ги штитат клетките од оштетување и забавување на процесот на стареење. Освен што го јакне имунитетот, ја поттикнува циркулацијата и го олеснува варењето, па не е ни чудно што со векови била неизоставен дел од секоја домашна аптека.
Мешавина против настинка и грип

Состојки:
- 100 грама мајчина душица;
- 100 грама бозел;
- 100 грама маточина.
Подготовка:
Помешајте ги растенијата, па прелијте ги со половина литар зовриена вода. Поклопете и oставете да отстои половина час, исцедете и пијте додека е топло, по желба засладете со мед.









