[ФОТО] Елегантно издание на Меланија Трамп идеално за „ладните“ дами: Првата дама на САД покажа како еден детаљ го менува впечатокот

Точка

25/11/2025

07:47

818

Големина на фонт

а а а

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп ја дочекала традиционалната новогодишна елка во Белата куќа, а стајлингот којшто го избрала за оваа прилика дава вредна модна лекција.

Во Белата куќа пристигнала новогодишната елка, а се подразбирало дека првата дама на Америка ќе биде главна на дочекот.

И, додека сите со нетрпение чекаме да видиме како ќе се накити новогодишната елка, можеме само да се восхитуваме на стајлингот на Меланија Трамп којшто бил навистина спектакуларен.


Меланија излегла пред Белата куќа за да ја пречека елката, а за „дочекот“ избрала фасцинантно модно издание, како и секогаш.

Таа заблескала во елегантен бел капут со полудолги ракави, а фигурата дополнително ја истакнала со ременот околу струкот.

Капутот бил минималистички и женствен и го претставува врвот на елеганцијата. Оваа монохроматска комбинација Меланија ја „разбила“ со долги, кожни бордо ракавици кои дополнително биле нагласени поради скратените ракави на капутот.


Своите ефектни ракавици првата дама на САД на вистински начин ги искомбинирала со чевлите.

Станува збор за салонки од брендот „Manolo Blanik“ кои со својот кариран црвено-бел принт прекрасно се вклопиле во модната комбинација.


Ви се допаѓа ли изгледот на Меланија Трамп?