[ФОТО] Престолнина која ја граделе витези, денес е полна и со Македонци: Ја нарекуваат чудо на Медитеранот, а луѓето веднаш се вљубуваат во неа

Точка

24/11/2025

08:27

813

Големина на фонт

а а а

Прво Фениќаните, па Грците, а потоа и Картагина, Рим, Византија и Арапите... Сите тие владееле со гладот Валета којшто денес е еден од најпосетените на Малта.

Колку и сите тие народи и царства да оставиле своја трага во овој интересен град, витезите од редот на Свети Јован оставиле можеби најголемо влијание.

Поради исклучително богатата и долга историја од 16 век, но и дури 320 споменици, Валета е сместена на листата на УНЕСКО.

Поради тоа што на само 55 хектари се наоѓаат сите тие споменици, градот неретко се спомнува како подрачје со најсконцентрирани историски споменици во светот.


Фасцинантна архитектура

Многу згради кои денес можат да се видат на улиците на Валета датираат од периодот на нејзиното основање и носат одлики на доцната ренесанса. Поради својата старост и одлична зачуваност привлекуваат внимание кај бројни посетители.

Катедралата свети Јован која однадвор делува едноставно, а внатре крие вистинско богатство е неверојатна. Капелите изградени во стилот на барокот претставуваат една од најголемите знаменитости.


Има вкупно осум, а примарната намена била витезите кои живеат во малтешката престолнина да присуствуваат на богослужење.

Тие капели се распоредени според различни „јазични одделенија“, односно националности на витезите кои во нив престојувале. Во внатрешноста се наоѓа и „обезглавениот Јован Крстител“, популарното дело на Караваџо позната како најголемата слика која овој уметник ја насликал.

Палатата на Големиот мајстор

Меѓу знаменитостите на главниот град на Малта се издвојува и палатата на Големиот мајстор, сместена на плоштадот свети Џорџ која ја изградила заедницата на витези од редот на свети Јован.


Денес во неа се наоѓа канцеларијата на актуелниот претседател на Малта. Поголем дел од палатата е отворен за посетители, а особено фасцинира кабинетот на големиот мајстор.