Мекларен излезе со официјално соопштение по двојната дисквалификација во Лас Вегас

Дерби

23/11/2025

16:31

332

Големина на фонт

а а а

Ландо Норис и Оскар Пјастри останаа без пласман на трката во Лас Вегас, откако стјуардите утврдија нерегуларности во болидите на Мекларен, поради што водечкиот двоец во генералниот поредок беше дисквалификуван.

Подната подлога на двата болиди на Мекларен биле потенки од 9 милиметри и овие технички неправилности донесоа казна со дисквалификација, а бидејќи оваа одлука пристигна на две трки пред крајот, сега се очекува драматичен крај на сезоната.

Макс Ферстапен секако ја намали негативата со победата во Лас Вегас, но вестите кои пристигнаа неколку часи подоцна беа уште подобри за него, бидејќи сега е на само 24 бода од првопласираниот Ландо Норис.

Мекларен како тим ја презема одговорноста за разочарувачкиот викенд во САД, а преку официјалното соопштение им се извини и на своите возачи кои сега ќе имаат доста поголем притисок во завршните две трки.

– По трката во Лас Вегас, беше утврдено дека го прекршивме Член 3.5.9 од техничкиот правилник, кој бара минимум девет милиметри дебелина на подот. Болидот на Ландо Норис го прекрши ова барање за максимум 0,12 милиметри, а болидот на Пјастри го прекрши ова барање за максимум 0,26 милиметри.

– За време на трката, двата болиди покажаа неочекувани отскокнувања, кои не ги забележавме за време на тренингот, што доведе до неизбежен контакт со асфалтот. По направената истрага, забележавме дека подот имал зголемен контакт с оподот, па прекрешното правили не беше намерно направено.

– Им се извинуваме на Ландо и Оскар за денешната дисквалификација и губењето на поени во клучен момент во шампионатот откако двајцата беа брилијантни во текот на целиот викенд. Како тим, би сакале да им се извиниме и на нашите партнери и навивачи чија поддршка ни значи многу. Иако исходот е исклучително разочарувачки, ние остануваме целосно фокусирани на последните две трки од сезоната, – соопшти Мекларен.

Веќе следниот викенд се вози трката во Катар на која ќе има и спринт, додека сезоната завршува во Абу Даби во првиот викенд од месец декември.