Норис и Пјастри дисквалификувани, Верстапен повторно опасен за двоецот на Мекларен

Дерби

23/11/2025

11:56

257

Големина на фонт

а а а

Ландо Норис и Оскар Пјастри официјално останаа без пласман, односно без поени од Формула 1 трката во Лас Вегас.

Истрагата на стјуардите ги потврдила првичните сомневања за техничка неправилност на болидите, па Мекларен доживеа целосна дисквалификација од оваа трка на американска територија.

Норис и Пјастри ги освоија второто и четвртото место во Лас Вегас, но истрагата утврдила дека подната подлога била потенка од 9 милиметри, а ова е прекршок кој без исклучок се казнува со дисквалификација.

Норис и Пјастри остануваат без пласман и поени, па сега Британецот е на првото место во генералниот пласман, со 24 поени предност во однос на Пјастри и Верстапен, во пресрет на последните две трки.

Одлуката значи и подиум за Антонели како втор претставник на Мерцедес и третопласиран зад Ферстапен и Расел, a поени ќе освојат и Окон и Берман.

Следната трка се вози наредниот викенд во Катар, а со оглед на тоа што ќе се вози и спринт, до крајот на сезоната се достапни најмногу 58 поени.

Пласман во Лас Вегас: Верстапен, Расел, Антонели, Леклер, Саинц, Хаџар, Хулкенберг, Хамилтон, Окон, Берман.