Никола Јокиќ залудно броеше до 44 на натпреварот против Сакраменто, бидејќи неговиот Денвер претрпе пораз на домашен терен за четврти неуспех од стартот на сезоната (123:128).
Со биланс од 12 победи и 4 порази, Нагетси се второпласирани во својата конференција, но Јокиќ смета дека бројките лажат и дека тимот не е така добар како што покажува табелата.
– Сакраменто пристапи подобро на натпреварот и играа навистина добро во текот на целиот меч. Во третата четвртина го засилија темпото, го нападнаа рекетот, а ние во тој сегмент не сме баш добри.
– Ни немаше спас кога го нападнаа рекетот и се чувствуваше како цело време да сме чекор зад нив. Билансот од 12 победи и 4 порази не е вистинска слика за тоа што го играме.
– Мислам дека не сме толку добри како што вели табелата. Мора да бидеме многу подобри ако сакаме да направиме нешто големо до крајот на сезоната, – предупреди Јокиќ.







