[ВИДЕО] Реал направи голем гаф со сликата која ја објави за браќата Жота, Флорентино експресно се извини

Дерби

23/11/2025

14:38

340

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез одржа свој говор пред делегатите во Реал Мадрид по повод годишното Генерално собрание, но за време на настанот, беше забележал и еден голем гаф кој беше направен од „кралскиот клуб“.

Реал им одаде почит на сите починати фудбалски работници во 2025-та година, но во фокусот се најде фотографијата која беше објавена за браќата Жота.

Покрај Диого, на сликата беше претставен друг фудбалер, а не братот на ѕвездата на Ливерпул, па поради ова, Флорентино Перез веднаш мораше да се извинува.

Наместо Андре Силва, на сликата беше прикажан Андре Да Силва кој во моментов настапува за Елче, а кој во минатото беше член и на големиот фудбалски великан Милан.

– Реал Мадрид како клуб им се извинува на Елче и фудбалерот Андре Да Силва поради грешката која беше направена во прикажаното видео. На видеото беше прикажана негова слика, наместо онаа на Андре Силва, братот на Диого Жота. Станува збор за човечка грешка и се извинуваме за прикажаното, – изјави Перез.