[ВИДЕО] Хаос по УФЦ спектаклот во Катар: Ирскиот борец го провоцирал Чимаев па за малку ќе настрадал

Точка

23/11/2025

11:42

658

Големина на фонт

а а а

Иан Мачадо Гари имаше одлична вечер во Катар. Откако со едногласна судска одлука го победи Белал Мухамед, Ирецот го искористи моментумот за да го прозве шампионот во велтер категорија, Ислам Махачев.

Меѓутоа, она што следеше зад сцената засени сè – жестока расправија и туркање со неоспорната „ѕверка“ во средна категорија, Хамзат Чимаев.

По мечот, Гари сакал да му честита на Арман Царукијан за неговата импресивна победа над Ден Хукер. И токму таму, во аголот на ерменскиот борец, се нашол лице в лице со Хамзат Чимаев.

Она што започнало како кратка размена на зборови, набрзо ескалирало. По лесно „тапкање“ по грбот, настанало недоразбирање. Чимаев го оттурнал Гари, а обезбедувањето морало да реагира за да спречи посериозна физичка пресметка.


„Ќе те скршам“, извикал Чимаев додека ги разделувале, а Гари возврати додека се повлекувал. Ирскиот борец продолжил со вербалните напади и на прес-конференцијата каде што истакнал дека Чимаев се однесува како дете.

Тој исто така му упатил закана и истакнал дека еден ден сигурно ќе го победи.

Инаку, синоќешната победата на Гари беше 17-ти триумф во неговата кариера и тој сега има скор од 17-1 и јасно побарал борба за титулата во велтер категорија со Ислам Махачев.


Чимаев, од друга страна останува со совршен резултат од 15-0 и го држи шампионскиот појас во средна категорија.

Тој синоќа беше во аголот на Арман Царукијан, кој го победи Ден Хукер со сабмишн во втората рунда и со тоа испрати јасна порака дека сака да го нападне шампионот во лесна категорија, Илија Топурија.