Ван Дајк брутално искрен: Го изневеруваме менаџерот Слот, ова е неприфатливо

Дерби

23/11/2025

14:27

159

Големина на фонт

а а а

Ливерпул ја продолжи својата катастрофална форма во последните два месеци и го забележа шестиот пораз во Премиер лигата, но истиот предизвика најголем потрес во клубот, од едноставна причина што пристигна од тим кој беше во опасната зона на табелата.

Нотингем Форест го освои „Енфилд Роуд“ и успеа да слави со убедливи 0:3, а во период кога не изгледа ништо добро во редовите на актуелниот шампион, најверодостоен играч за давање изјави секогаш е капитенот.

Вирџил Ван Дајк се соочи со новинарите по потопот од „шумарите“, по што искрено заклучил дека тој и соиграчите го изневеруваат менаџерот Арне Слот.

– Дефинитивно го изневеруваме нашиот менаџер, но и самите себеси. Мора да се погледнеме прво себеси, а потоа да размислиме како да си помогнеме еден на друг. Мора да се погледнеме и да најдеме начин да излеземе од овој хаос, бидејќи во моментов навистина сме во хаос. Како актуени шампиони, не смееме да си дозволиме да бидеме во ваква ситуација.

– Нема многу што да се прави, треба да се наведне главата и напорно да се работи, само така може да се обидеме да ја смениме ситуацијата. Тоа е менталитетот кој треба да го имаат сите играчи во тимот. Ова е неприфатливо, начинот на кој го стартувавме второто полувреме е неприфатлив за нас. Нема да се откажам, никогаш нема да се откажам, ќе се обидам да ја свртам ситуацијата колку и да изгледа тешко. Мора да преземеме одговорност за ова и се надевам дека момците ќе го направат тоа после овој тежок ден, – изјави Ван Дајк.