[ФОТО] Градови кои веќе живеат во иднината: Без готовина, клучеви и возачи

Точка

22/10/2025

19:17

702

Големина на фонт

а а а

Пет градови, пет сосема различни светови – но сите имаат едно заедничко нешто: технологија што го трансформира секојдневниот живот во глетка од иднината.

Од транспорт управуван од вештачка интелигенција до градови каде што паричниците повеќе не се потребни, ова се местата што водат според Глобалниот индекс на иновации (GII) 2025, кој секоја година го објавува Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO). Нивната комбинација од технолошки напредок и практични решенија покажува како изгледа иднината кога идеите ќе се претворат во начин на живот.

Плаќање со „QR“ код на пазарот, една картичка за возење низ целиот град…

Во регионот Шенжен-Хонгконг-Гуангжу, технологијата е буквално на секој агол. „QR“ кодовите се користат за плаќање на пазар, продавниците вршат достава преку повеќе апликации, а картичката „Octopus“ – која се користела само за метро во 1997 година – сега функционира како клуч за целиот град.


Посетителите можат да го почувствуваат пулсот на иновациите на фериботот „Star Ferry“ со светлосното шоу „Симфонија на светлата“ или во креативниот простор „PMQ“, каде што традиционалната калиграфија се среќава со 3Д печатење. Во Шенжен, кој се трансформирал од рибарско село во технолошко чудо, жителите се сведоци на спектакуларни претстави со дронови над заливот – футуризам во полн сјај.


Кревети што сами ја одредуваат температура, роботи на рецепциите…

Токио-Јокохама се на второ место, каде што технологијата не е „научна фантастика“, туку секојдневна помош.

Сензорите за вештачка интелигенција овозможуваат самопослужување на касата, а јавниот превоз функционира речиси без човечка интервенција. Во хотелот Хен, рецепцијата ја водат роботи, додека паметните кревети сами ја приспособуваат сопствената температура.


Сан Франциско и Сан Хозе остануваат светски центри за иновации. Силициумска долина продолжува да привлекува генијалци, а она што се испробува таму набрзо го освојува светот. Додека претприемачите преговараат за зделки додека испиваат кафе, посетителите можат да се возат во автономни автомобили или да бидат сведоци на револуцијата на вештачката интелигенција во живо – секој ден носи нешто ново.


Продавници и такси без продавачи или возачи, без готовина…

Во Пекинг, токму спојот од традиција и напредна технологија го прави градот посебен. Тука, нарачувањето храна, плаќањето и комуникацијата се вршат во една апликација, додека роботските такси без возачи се возат низ градот. Сè е едноставно, брзо и беспрекорно, речиси незабележливо – како технологијата да работи во позадина на животот, а не над него.


Петтиот на листата, Сеул, го отелотворува практичниот футуризам. Дигиталните брави, паметните продавници без продавачи и целосно безготовинското општество станаа норма. Градот живее во темпото на иновациите, а жителите се потпираат на паметни системи кои го прават животот побрз, полесен и побезбеден. 


Целосна листа на 10-те најпаметни градови:

1. Шенжен-Хонгконг-Гуангжу

2. Токио-Јокохама

3. Сан Хозе-Сан Франциско

4. Пекинг

5. Сеул

6. Шангај-Суџоу

7. Њујорк

8. Лондон

9. Бостон-Кембриџ

10. Лос Анџелес.