[ВИДЕО] Најбрзиот воз во светот започнал со пробните возења: Достигнал брзина од 453 км/ч

Точка

22/10/2025

21:23

968

Големина на фонт

а а а

Најбрзиот воз во светот започнал со пробните возења на брзата железничка линија во Кина, достигнувајќи максимална брзина од 453 км/ч за време на тестирањето, објави во вторник Глобал тајмс, пренесе Анадолу.

Возот „CR450“, дизајниран да достигне максимална тест брзина од 450 км/ч и комерцијална брзина од 400 км/ч, моментално е во процес на квалификациски тестови на брзата пруга што ги поврзува Шангај на истокот од земјата со Ченгду на запад.

Овој воз може да забрза од нула до 350 км/ч за само 4 минути и 40 секунди. Во еден импресивен тест, два воза „CR450“ се разминале еден со друг со комбинирана брзина од 896 км/ч, поставувајќи нов рекорд.

Во споредба со претходниот модел „CR400“, новиот „CR450“ има поаеродинамичен дизајн, со подолг нос, понизок покрив за 20 сантиметри и полесна конструкција за 50 тони, што доведува до намалување на отпорот на воздухот за 22 отсто.

Во моментов, возовите „CR400 Fuxing“ во редовен сообраќај достигнуваат максимална брзина од 350 км/ч.

Пред да почне да превезува патници, „CR450“ мора успешно да помине 600.000 километри пробни возења без ниту еден инцидент.