Холивудската ѕвезда Џулија Робертс се појавила на специјалната проекција од својот нов филм во Лос Анџелес во креација која многумина на прв поглед ја препознале.
Баш како и пред три години, таа одлучила за оваа прилика да го носи впечатливиот фустан којшто го носела во 2022 година на црвениот тепих.
Сепак, овојпат фустанот бил малку пократок, а нејзиниот избор на накит импозантен и тоа не само поради убавината на дизајнот туку и поради парите кои се потребни за него да се издвојат.
Фустанот го потпишува брендот „Greta Constantine“, а Џулија одлучила малку да го прекрои, па го скратила и го искомбинирала со ѓердан од брендот „Sabyasachi“ вреден неверојатни 242.800 долари.
Ова луксузно парче накит е украсено со шарени скапоцени камења и дијаманти. На ушите носела обетки од истиот бренд чија цена е 18.000 долари.
Стилистката Елизабет Стјуарт открила дека актерката го носела овој фустан во знак на поддршка на месецот на борба против рак на дојка. Според нејзините зборови актерката изгледот го надополнила со чевли од брендот „Aquazzura“.
Овој женствен „барби“ изглед целосно е поразличен од она што имавме можност да го видиме досега.
Пред два дена Џулија носела сив костум со вратоврска украсена со лажици и виљушки.
„Сакам да се забавувам со модата и да покажувам благодарност на луѓето со кои работам“, рекла Џулија за „Vanity Fair“.