Со додавање на една состојка во кафето можете да го намалите наглиот скок на шеќерот во крвта

Точка

08/10/2025

20:46

779

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе не можат да го замислат утрото без кафе, но таа не е секогаш најдобриот избор за „празен стомак“.

Меѓутоа, со додавање на одредени состојки, кафето можете да го направите поздрав пијалак.

Гастроентерологот Саураб Сети неодамна сподели совет за тоа како да го направите вашето утринско кафе „подобар избор“ со додавање на една едноставна состојка. Станува збор за цимет.

„Само прстофат цимет може да помогне во намалувањето на наглиот скок на шеќерот во крвта и да додаде моќни антиоксиданти“, рече тој.


Според „Healthline“, студиите покажуваат дека циметот може да ја намали гликозата во крвта, холестеролот и триглицеридите кај дијабетичарите. За да се намали ризикот од потенцијални несакани ефекти, луѓето можат да се одлучат за цејлонски цимет наместо почестиот касиа (кинески) цимет.

Но исто така, д-р Сети предлага додавање на една помалку популарна состојка, имено МЦТ масло. МЦТ се масти што се наоѓаат во намирници како кокосовото масло, а МЦТ маслото е додаток во исхраната кој е богат со овие масти и се тврди дека има многу здравствени придобивки.

„Се добива од кокос и обезбедува постојан поттик на енергија, а воедно го поддржува здравјето на мозокот“, додаде докторот.

За разлика од подолгиот синџир на масни киселини, МЦТ маслото брзо се вари во црниот дроб, каде што може да се користи како непосреден извор на енергија или да се претвори во кетони. Кетоните се супстанции што настануваат кога црниот дроб разградува големи количини на масти.


За разлика од обичните масни киселини, кетоните можат да поминат од крвта во мозокот. Ова обезбедува алтернативен извор на енергија за мозокот, кој нормално користи гликоза како гориво.

Исто така, д-р Сети препорачува и додавање какао во прав.

„Богато со полифеноли, дејствува со кафето за да ги нахрани вашите добри цревни бактерии. Всушност, полифенолите во чоколадото можат да помогнат во зголемувањето на нивото на корисни цревни бактерии како лактобацили и бифидобактерии“, истакна тој.

Темното чоколадо е полно со органски соединенија кои се биолошки активни и дејствуваат како антиоксиданти. Антиоксидантите што се наоѓаат во темното чоколадо можат да играат улога во намалувањето на „лошиот“ ЛДЛ холестерол, спречувањето на оштетување на клетките, заштитата од стврднување на артериите, подобрувањето на управувањето со гликозата во крвта и подобрувањето на здравјето на мозокот.