Манекенката Тајлан Блондо, која како девојче стекна светска слава под титулата „најубаво девојче на светот“, одлучила да стави крај на гласините за својот изглед.
Откако многумина ја обвинија дека се подвргнала на естетски зафати, 24-годишната Тајлан порачала дека време е да се престане со шпекулации дали нејзината убавина е природна.
„Доволно ми е од вакви коментари“
Тајлан, ќерка на поранешниот фудбалер Патрик Блондо и ТВ водителката Вероник Лубри, неодамна се огласи на социјалните мрежи за да ги замолчи гласините. Споделила коментар под една од своите фотографии каде што еден следбеник ја прашал што „направила со усните“. „Доволно ми е од вакви коментари. Знам дека во оваа генерација луѓето сакаат рано да прават такви работи, но јас никогаш ништо не сум допирала“, напишала таа.
Манекенката ги повикала сите кои се сомневаат во нејзината природна убавина да ги погледнат нејзините фотографии од детството. „Можете да ги видите моите фотографии кога бев помлада, ништо не се променило. Луѓето сакаат да споредуваат и да измислуваат работи. Но само затоа што носам шминка или користам молив за усни, не значи дека сум си правела усни или лице. Некогаш мора да престанеме со тоа. Искрено, уште од кога имав десет години луѓето зборуваат дека сум направила нешто на лицето, време е тоа да престане“, порачала таа.
Кариера од четврта година
Нејзината кариера започнала кога имала само четири години, откако ја забележал скаут на дизајнерот Жан Пол Готје на Парискиот Шанз-Елизе. Скоро потоа дебитирала на модната писта. „Мојата мајка рече: ‘Не, таа нема агенција, не може тоа да го направи.’ Жан Пол Готје рекол: ‘Таа мора да биде таму утре.’ Тогаш мајка ми одговорила: ‘Зошто да не?’“, се присетила Тајлан во интервју за „The Telegraph“ во 2018 година.
Потоа носела ревии за „Dolce & Gabbana“, „Versace“ и „Hugo Boss“, а станала и амбасадорка на брендот „L'Oréal Paris“. Токму нејзиниот визуелен шарм ѝ ја донесе во 2006 година титулата „најубаво девојче на светот“, а пред да наполни десет години красела и страници на списанието „Vogue“.
2020. итно оперирана
И покрај гламурозниот живот кој често го споделувала со своите обожаватели на социјалните мрежи, Тајлан говорела и за помалку светли моменти, како борбата со здравјето во 2020 година. Открила дека морала итно да се оперира поради голема циста на јајникот.
„Денес конечно се чувствувам подобро. Конечно се чувствувам слободна. Навистина мислев дека сум луда што толку долго се жалев на стомакот. Среќна сум што никогаш не се откажав“, споделила тогаш со своите 6.8 милиони следбеници.
Страст кон модата
Тајлан и денес е многу барано лице во светот на модата. Во понеделник привлекла внимание на ревијата на „Miu Miu“ за време на Неделата на модата во Париз. „Почнав да работам како модел на три години. Навистина се посветив на тоа кога имав шест години, и од тогаш сум фасцинирана“, изјавила минатата година за „L'Officiel Ibiza“.
Својот стил го опишала како младешки, опуштен и удобен, а инспирација често ѝ е патувањето и локалните култури. За сите оние кои сакаат да создадат свој стил, советуваше во гардероберот секогаш да имаат основни парчиња како црни и сини фармерки и маички.