[ФОТО] На денешен ден, легендарната пејачка во живо ја искина фотографијата на папата: Стана омразена во Америка – и тоа беше крајот на нејзината кариера таму

Точка

03/10/2025

11:46

1.052

Големина на фонт

а а а

Во 1992 година, во американската емисија „Saturday Night Live“, гостувала ирската кантавторка Шинејд О’Конор и ја шокирала јавноста кога среде својот настап ја искинала сликата на папата Јован Павле II.

Го направила тоа како знак на протест против неправдите и злоупотребите што се случуваат во Католичката црква и повикала на борба против „вистинскиот непријател“.

Поради тој чин, во САД била маргинализирана, ѝ биле откажани настапите, а никогаш повеќе не настапила во живо на телевизија во ударен термин.

Премногу проблематична за американската јавност

Шинејд О’Конор била музичка уметница, позната по своите изјави на тема вера и организирана религија. Нејзиниот однос со Католичката црква, но и со католичката вера, бил комплексен и производ на нејзиното детство во кое таа самата доживеала насилство и малтретирање, особено за време на престојот во католичкиот дом.


Нејзината кариера од самиот почеток била исполнета со активистички делувања. Таа самата изјавила дека нејзина должност е да зборува за проблемите кои ја мачат. Во САД веќе била етикетирана како „проблематична“ откако одбила да ја свири американската химна на свој концерт и го бојкотирала доделувањето на Греми наградите како протест против американските војни на Блискиот Исток.

Протестот не го инспирирала само неправдата, туку и нејзината мајка

Потоа пристигнала и 1992 година, и Шинејд им напоменала на луѓето од „Saturday Night Live“ да ја зумираат фотографијата која ќе ја покаже за време на изведбата на песната „War“ на Боб Марли. Станувало збор за слика од дете кое неодамна било убиено од полицијата во Бразил. „SNL“ се согласил со нејзиното барање – а во текот на пробното снимање таа навистина ја користела таа фотографија.

Само две години пред овој настан, О’Конор во Америка била дочекана сосема поинаку. Таа се искачи на врвот на американските топ-листи со песната „Nothing Compares 2 U“. Во видеото плачела поради спомените на нејзината почината мајка, која загинала во сообраќајна несреќа во 1985 година.

Мари О’Конор исто така била инспирација за протестот на нејзината ќерка. Двете имале комплициран однос: О’Конор ја обвинила мајка ѝ дека физички и емотивно ја трауматизирала во детството.

„Донесов фотографија во студиото и ја сокрив во гардеробата. На пробата, откако завршив со пеење на „War“, ја земав сликата од бразилско дете од улица, кое го убиле полицајци,“ изјавила подоцна. „Го замолив снимателот да ја зумира фотографијата за време на самата емисија. Не му реков што планирам подоцна. Сите беа среќни. Мртво дете во далечна земја и така не е ничиј проблем.“

Осуда доживеала и од колегите


Кога започнал настапот во живо, Шинејд ја извадила фотографијата на папата, која ја земала од семејниот дом. По настапот ја исвиркувале, а пред студиото ја гаѓале со јајца. Тоа бил крајот на нејзиното јавување во САД. Ја осудиле и голем дел од нејзините американски колеги, од кои најистакнати се веројатно Френк Синатра и Мадона.

Шинејд О’Конор почина во 2023 година. Во животот многу се занимавала со верски теми, а кон крајот на животот преминала во ислам. За својот „духовен развој“ често говорела во интервјуа и остана запаметена како спиритуалната кантавторка.