Мараја Кери конечно одлучила да проговори за наводната кавга со раперот Еминем. Таа зборувала за гласините кои кружат со години.
Гостувајќи во средата во емисијата „Watch What Happens Live“ за да го промовира својот нов албум „Here for It All“, поп дивата се осврна на почетокот на конфликтот, кој наводно е поврзан со филмот „8 милји“.
Улогата која го покренала конфликтот?
Водителот Енди Коен директно ја прашал дали конфликтот започнал кога Еминем ја замолил да ја глуми Стефани Смит во неговиот автобиографски филм „8 милји“ од 2002 година — лик инспириран од неговата мајка.
„Колку што сум слушнала, има вистина во тоа“, одговорила Кери, но веднаш додала и доза мистерија. „Но, не мислам дека тој всушност... па, кој знае кој прв му пришол на другиот.“
Кога Коен инсистирал на повеќе детали, пејачката делувала малку збунето, пред да ја отфрли целата приказна со раката.
„Зависи што тој мисли“, рекла. „Искрено, не ми е гајле. Што и да кажал, океј, тоа сум јас. Всушност не сум, ама тоа е стих од рап песна.“
Продуцентот ја открива позадината на приказната
Улогата на Стефани Смит на крајот ѝ припаднала на Ким Бесинџер, а филмот „8 милји“, во кој глумеа и Британи Марфи и Мекај Фајфер, постигна огромен критички и комерцијален успех, заработувајќи 242 милиони долари ширум светот. Песната „Lose Yourself “ од Еминем, која се појавува во филмот, ја освои Оскар наградата за најдобра оригинална песна во 2003 година.
Изгледа дека ова е првпат Мараја Кери јавно да коментира дека била разгледувана за улога во филмот. Меѓутоа, музичкиот продуцент Дамион „Дамиза“ Јанг, кој работел на нејзиниот албум „Rainbow“ од 1999 година, во јуни во „TFU Podcast“ изјавил дека токму тој ја запознал пејачката со раперот, и ја потврди гласината за нивната кратка романтична врска.
Јанг се осврнала и на барањето на Еминем до Кери да ја глуми неговата мајка, иако е само четири години постара од него.
„Воопшто не ѝ се допадна тоа. Нејзините несигурности силно се активираа“, додал тој.