[ФОТО] Сексапилната актерка била во центарот на вниманието поради новиот имиџ: Смело издание од модната ревија во Париз

Точка

02/10/2025

17:04

457

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон се појавила на модната ревија на брендот Том Форд на Неделата на модата во Париз, а фокусот бил на нејзината нова боја на косата. Имено, по четири децении, актерката ја обои својата препознатлива руса коса во бакарни нијанси.

Андерсон во средата имала прилично гламурозно појавување во француската престолнина, покажувајќи ја својата нова боја на коса. Својата смела трансформација ја комплетирала со црн фустан без прерамки и лелеава јакна во иста боја, како и темни високи потпетици.


Памела била сета насмеана додека мавтала на толпата пред локацијата на шоуто, носејќи очила со принт.

„Дејли мејл“ објави дека оваа нова фризура е за новата улога во филмот, чие снимање ќе започне кратко време по Неделата на модата.

Во нејзиниот нов француски филм, насловен како „Љубовта не е одговорот“, Памела ќе глуми заедно со Стив Куган.

Во текот на изминатите неколку години, Памела доста се промени во однос на имиџот што ја следеше од „Baywatch“. Таа започна со тоа што целосно ја отфрли шминката, преку острата „боб“ фризура на Мет Гала, а неодамна ги откри и своите кадрици како Грејс Кели. Сè започна во 2023 година, кога актерката присуствуваше на Неделата на модата во Париз без шминка – неочекувано контроверзен потег.


„Го правам ова за сите девојки. Имав пастерки во минати врски, а моите синови имаат девојки, и ова беше за нив. Во денешно време, дали воопшто знаеме како изгледа едно лице? Еве го тоа“, рече Памела во тоа време.