Популарните близначки Мери Кејт и Ешли Олсен, ретко се појавуваат во јавноста, но неодамна биле видени заедно на еден настан во состав на Модната недела во Њујорк каде присуствувале на забавата организирана од „W Magazine“.
Денес тие имаат 39 години и изгледаат непрепознатливо во однос на деновите кога постојано биле во центар на внимание, поврзани со актерството.
Иако уште во рана возраст станале светски ѕвезди благодарение на улогата на Мишел Тенер во серијата „Full House“, сестрите со текот на времето одлучиле да го напуштат светот на актерството и медиумската експлоатираност.
Наместо тоа ти се свртиле кон модата и денес водат луксузен моден бренд „The Row“ којшто се проценува на повеќе од милијарда долари.
„За мене фустаните и кој ги дизајнирал беше многу важно“, рекла Еби Чампион за „Vogue“ по повод венчавката на Патрик Шварценегер, при што сестрите Олсен учествувале во модното советување, што дополнително го потврдува нивното влијание во модната индустрија.
Мери Кејт и Ешли го основале брендот во 2006 година во Њујорк, а тој денес продава облека, обувки и модни додатоци во повеќе од 35 земји.
We’re all Ashley Olsen, counting down the days till it’s cold enough for our fall wardrobe pic.twitter.com/rmljLD6R38
— 𝓐☆ (@heelsculture) September 22, 2025
Сѐ започнало со колекцијата од седум внимателно избрани парчиња, вклучувајќи совршена маица, хеланки и фустани кои веднаш биле распродадени.
Како и многу други брендови така и овој бил погоден од пандемијата во 2020 година, но во 2021 година остварил моќно враќање со процена на заработка од 100 милиони долари годишно.
Mary-Kate and Ashley Olsen #leoascendant #lifepath7 pic.twitter.com/XoIV5dJ5IM
— C a p r i C r o w n 👑 (@MyMystical7) September 30, 2025
Денес Мери Кејт и Ешли живеат повлечено, далеку од светлата на камерите, но имаат цврсто изградено царство и стил на живот којшто ги комбинира луксузот, креативноста и личниот мир.