[ВИДЕО] Излезе албумот што милиони луѓе со нетрпение го чекаа: Сè за „The Life of a Showgirl“

Точка

03/10/2025

08:18

601

Големина на фонт

а а а

Новиот албум на Тејлор Свифт, „The Life of a Showgirl“ е објавен.

Песните се појавија на стриминг услугите точно на полноќ по американско време, односно во 6 часот наутро по централноевропско време.

Се работи за 12-ти студиски албум на 33-годишната поп-ѕвезда. Албумот содржи 12 песни, а го продуцирале Макс Мартин, Шелбек и Тејлор Свифт. Последната, насловна песна е соработка со пејачката Сабрина Карпентер.

Слушнете дел од песните од новиот албум:

Албумот го најави во август

Свифт го најави својот нов албум на 12 август, точно во 00:12 часот, во поткастот „New Heights“, чии водители се фудбалските ѕвезди Тревис и Џејсон Келс. Таа ја покажа корицата на албумот, но истата беше заматена.

Во моментот на објавувањето на новиот албум, официјалната веб-страница на Свифт ги пренасочуваше корисниците кон нејзината онлајн продавница, каде што беа понудени преднарачки за новиот албум, со заматени визуелни елементи и светло портокалов катанец.

Кога ја прашале за портокаловата боја што доминира во визуелните ефекти на албумот, Свифт едноставно одговорила: „Се чувствувам дека тоа е еден вид енергична боја, како мојот живот“. Пејачката додала дека албумот зборува за она што се случувало „зад сцената“ за време на нејзината исклучително успешна турнеја „Eras“. „Ова е плоча што сакав да ја направам долго време“, рекла таа.


Албумот е создаден за време на европскиот дел од турнејата. „Настапував три дена, потоа имав три дена одмор и летав до Шведска за да го снимам … Бев физички исцрпена, но ментално бев супер“, објаснила Свифт.

Продолжување на успешна музичка кариера

„The Life of a Showgirl“ следува по минатогодишниот албум „The Tortured Poets Department“, објавен во средината на рекордна турнеја која заработи над 2,2 милијарди долари за две години низ пет континенти, станувајќи најпрофитабилната турнеја на сите времиња.


Новиот албум е исто така првото издание на Свифт откако ја врати сопственоста врз целиот нејзин опус. Во мај, таа го купи својот каталог со снимки од инвестициската фирма „Shamrock Capital“, за неоткриена сума.