Тој ѝ ветил Оскар, а таа трето дете: Сопругата на холивудскиот заводник го покажа трудничкото стомаче и го исполни ветувањето

Точка

02/10/2025

08:45

1.787

Големина на фонт

а а а

Наредниот пат пред да му вети нешто ќе мора добро да размисли затоа што актерот исклучително сака деца и веројатно нема да запре на три.

Киран Калкин, добитник на наградата „Еми“ и неговата сопруга, писателката Џез Чартон, се подготвуваат да го дочекаат новиот член од семејството, нивното трето дете.

Овој прекрасен пар се нашол во центар на внимание во јавноста минатата година, не само поради тоа што Киран добил престижна наградата туку и затоа што на сцена ѝ се обратил на сопругата велејќи ѝ дека сега е ред да го исполни нејзиното ветување.

Всушност, тој неа ѝ ветил дека ќе освои Оскар, а таа, рекла дека доколку го освои ќе му роди трето дете.

Чартон во понеделникот на Инстаграм открила дека повторно е бремена. Парот којшто е во брак од 2013 година, веќе има две деца Кинси Су и Ваилдер Вулф.

Доделувањето на „Еми“ наградите вообичаено се одржува наесен, но минатата година било одржано во два наврати, прво во јануари поради одложувањето на доделувањето во 2023 година, а потоа повторно во септември.

Чартон открила дека ѝ се ближи терминот за породување, со шеговит опис дека Калкин не е единствениот член на семејството со смисла за хумор.

„Го гледав Кијану Ривс на Бродвеј и сега сум бремена деветти месец... Ова е баш мој фазон“, напишала таа во објавата.

Во текот на претходната бременост, Чартон исто така ја документирала на шеговит начин. Јасно покажала колку ја сака ѕвездата на „Матрикс“, Кијану Ривс.

Додека Калкин и Чартон се подготвуваат за третото дете, уметницата од Лос Анџелес, Александра Грант, ги разоткри гласините дека годинава се венчала за Ривс.

Минатата седмина, Грант на Инстаграм ги демантирала приказните за венчавката кои настанале на социјалните мрежи и како последица на АИ генерирани фотографии.

„Освен што не се венчавме, добрите вести се потребни деновиве, но сепак ова е лажна вест... Бидете внимателни“, напишала таа.