[ФОТО/ВИДЕО] Кејт Мос пијана на Модната недела во Париз? Фотографирана во незгоден момент

Точка

02/10/2025

10:10

994

Големина на фонт

а а а

За време на Модната недела во Париз, Кејт Мос била фотографирана во лоша состојба по ноќна забава.

Папараците ја фатиле како излегува од клуб, видливо исцрпена, потпирајќи се на пријател која ја држел за рака. Потоа нејзиното друштво ја вратило во хотелот, обидувајќи се да ја заштитат од блицовите на фотоапаратите.


Откако фотографиите го обиколија светот, јавноста почна да се прашува дали Кејт се враќа на своите стари пороци. Додека некои шпекулираат дека станува збор само за исцрпеност по ноќно излегување, други потсетуваат на нејзиното бурно минато исполнето со дрога и алкохол. Сепак, досега нема потврдени информации што би укажувале дека повторно биле вклучени опијати.


Проблеми со пороците

Потсетуваме Кејт со години наназад се наоѓа „под лупата на јавноста“ поради нејзините претходни скандали.

Уште во 2005 година, британските таблоиди објавија фотографии на кои наводно може да се види како консумирала кокаин, што предизвика голем шок во модната индустрија. Последиците беа непосредни, модните куќи како што се „H&M“, Шанел и Барбери престанале да соработуваат со неа, а аферата се закануваше да ѝ ја уништи кариерата.


Сепак, по истрагата, обвиненијата биле отфрлени поради недостаток на докази, а Мос успеала да продолжи со работата и се вратила на модната сцена.


Во едно интервју во 2022 година, таа откри дека се чувствувала како „жртва“ на медиумски прогон, нагласувајќи дека во тоа време многумина во нејзината околина користеле дроги, но дека таа била единствената што била ставена на столбот на срамот. Истовремено, таа призна дека со години се борела со зависност од алкохол и дрога, што дополнително го обележало нејзиниот јавен имиџ.


Меѓутоа имаше и позитивни пресврти, во еден период Мос одбележа 18 месеци целосна апстиненција, посветувајќи се на здравјето и поурамнотежениот начин на живот. Сепак, и покрај ова, нејзиното име сè уште често се споменува во контекст на старите пороци.