Го обвинија „The Rock“ дека уринира во шишиња на снимања! Тој: Да, тоа се случува

Точка

01/10/2025

21:01

620

Големина на фонт

а а а

Иако Двејн Џонсон моментално е во центарот на вниманието поради пофалената улога во филмот "The Smashing Machine", за која многумина му предвидуваат и прва номинација за „Оскар“, во јавноста повторно излегоа стари обвинувања за неговото бизарно однесување на сетот.

Обвинувања од снимањето на филмот "Red One"

Минатогодишниот извештај на порталот "The Wrap" предизвика лавина реакции, тврдејќи дека однесувањето на Џонсон на снимањето на филмот "Red One" предизвикало големи проблеми.

Наводно, актерот постојано доцнел, во просек по седум до осум часа дневно, што ја принудувало екипата да снима сцени без него и го зголемило буџетот за најмалку 50 милиони долари. „Единствената работа во која Двејн беше доследен беше хроничното доцнење“, изјавил тогаш еден од изворите.


Шокантна навика

Освен доцнењето, извештајот открил и еден особено бизарен детаљ.

За да заштеди време, актерот наводно имал навика да уринира во шишиња за вода наместо да користи тоалет. „На сетот, далеку од својата приколка, ако треба да се олесни, не оди во јавен тоалет. Уринира во пластично шише, а неговиот тим или асистент мора тоа да го отстрани“, тврдел извор.

Одговорот на Џонсон

Сочен со обвинувањата, Џонсон реши да проговори во интервју за "GQ". Тој призна дел од приказната, но демантираше други наводи.

На прашањето за мокрењето во шишиња, одговори: „Да, тоа се случува … Илјада пати сум рекол: ’Еј, тука сум. Дојдете и прашајте ме. Ќе ви ја кажам вистината.‘“

Сепак, ги негираше наводите за екстремното доцнење. „Да, и тоа се случува. Но не во таа мера. Лудо е колку тоа е пренадувано. Тоа е смешно. Глупости“, изјави тој, нарекувајќи ја целата контроверзија „ср*ње“.

Колеги во негова одбрана

Во негова одбрана застанаа и колеги од филмот "Red One".

Актерот Крис Еванс потврди дека Џонсон понекогаш доаѓал подоцна, но нагласи дека тоа било однапред договорено и дел од распоредот познат на сите. Режисерот Џејк Касдан исто така го бранеше: „Двејн никогаш не пропушти ниту еден работен ден. Има многу обврски. Понекогаш може да доцни, но таков е Холивуд – тоа важи за сите. Искрено, снимав три големи филма со него. Никогаш не сум го видел да не биде прекрасен кон секоја личност на сетот.“

Нов филм како пресвртница

И покрај контроверзиите, изгледа дека кариерата на Џонсон е на нов врв.

Неговата интерпретација на "UFC" борецот Марк Кер во филмот "The Smashing Machine" ја воодушеви критиката, а колешката Емили Блант изјави дека токму оваа улога „му го променила животот“. Филмот, кој во кината пристигнува на 3 октомври, моментално има оцена од 77 проценти на "Rotten Tomatoes", а Џонсон сè почесто се споменува и како сериозен кандидат за „Оскар“.