Поп ѕвездата која неодамна колабираше на сцена се повлекува од јавноста: „Ме боли повеќе отколку што мислите“

Точка

01/10/2025

15:00

743

Големина на фонт

а а а

Откако неодамна колабираше на сцена во текот на еден настап во Њујорк, британската поп сензација Лола Јанг одлучи привремено да се повлече од јавноста.

Пејачката, чија песна „Messy“ стана исклучително популарна благодарение на социјалните мрежи ТикТок и Инстаграм, ги откажа сите претстојни настапи откако нејзиното колабирање за време на музичкиот фестивал „All Things Go“ на стадионот „Forest Hills“ ги загрижи фановите.

Во врска со тоа, се огласи и на Инстаграм, за да го оправда откажувањето на настапите и да им се заблагодари на фановите за поддршката.


„Заминувам на некое време. Ме боли што морам сè да откажам во догледна иднина. Ви благодарам за сета љубов и поддршка. Навистина ми е жал што ги разочарав сите кои купија карти за да ме видат, ме боли повеќе отколку што мислите. Секако дека ќе добиете целосен поврат на средствата. Навистина се надевам дека ќе ми дадете втора шанса кога ќе имам малку време да поработам на себе и да се вратам посилна. Ве сакам сите“, порача таа.

Среде нејзиното повлекување од јавноста, од „UK Music Video Awards“ во вторникот беше објавен потесниот избор на номинации за 2025 година, а 24-годишната Јанг е номинирана во категоријата за најдобар поп видео запис за песната „One Thing“.

Да потсетиме, поп пејачката се онесвести додека ја изведуваше песната „Conceited“. Непосредно пред да ја изгуби свеста, Јанг емотивно ѝ се обрати на публиката, навестувајќи дека се соочува со тежок период во животот.