Џорџ Клуни (64), популарен актерка, режисер и продуцент, одлучил да забави, па јасно кажал дека „бркањето“ на големите проекти повеќе не е негов приоритет.
Актерот открил дека ќе запре со актерската кариера за да може да се посвети на 8-годишните близнаци кои ги има со прекрасната сопруга Амал, адвокатка за човекови права.
„Повеќе не сум во таа лудачка бркотница за успех. Ја имав својата кариера во многу аспекти и работите на некој начин се смирија, така што сега можам да бидам дома со своите деца почесто и тоа ми е многу забавно. Сѐ уште сум доволно млад да можам да трчам по нив. Тоа сега почнува брзо да исчезнува. Но, моментално тоа сѐ уште можам да го правам. Така што навистина ми е забавно“, изјавил Клуни.
Семејството на прво место
Клуни, којшто говорел на премиерата на својот нов филм „Jay Kely“ смета дека изминатата деценија ја жртвувал поради работата во Холивуд, а ги запоставил Амал и нивните деца.
Холивудската ѕвезда која ги има 8-годишните близнаци Александар и Ела, со сопругата Амал, изјавил:
„Тоа сигурно не е само искуство од шоубизнисот. Веројатно ги имате истите разговори во речиси секоја професија: Би сакал да не пропуштев важни искуства со децата додека работев. Тоа е жртва која ја правите за да успеете во било која работа“.
Инаку, на премиерата на филмот „Jay Kelly“ којшто во кината ќе се појави на 14 ноември, пристигнал со сопругата Амал која сите ги воодушевила во спектакуларниот црвен фустан со цветни детали.
Славниот пар неодамна прослави 11-годишнина од брак со романтична вечера.