Македонските актери Тања Кочовска и Предраг Павловски се меѓу омилените парови на македонската јавна сцена.
Тие неретко објавуваат заеднички моменти на социјалните мрежи и често ја искажуваат својата љубов, среќа и хармонија.
Кралицата на комедијата, како што многумина ја нарекуваат Тања, овојпат на социјалната мрежа Фејсбук, на шеговит и својствен начин, како и многупати досега, го одбележала денот на 30-годишнината од брак со својот сопруг.
Таа објавила две фотографии: На првата нејзиниот сакан сопруг ѝ носи риби, а на втората таа лежи во болнички кревет и прима инфузија.
30 god🔥
Posted by Tanja Kocovska on Monday, September 29, 2025
Под објавата добила многубројни коментари, меѓу кои:
„Уникатни сте“, „Нема поголема легенда“, „Вашите комични приказни секогаш се извор на инспирација и насмевки“, „До 101 и назад да те служи Предраг! И ти него“, „Секогаш сте толку забавни и откачени“...
На Тања и Предраг им ја честитаме годишнината од брак, за уште долги години љубов, слога и среќни моменти.