Селена Гомез објави нови фотографии од венчавката: Ги покажала сите три венчаници

Точка

01/10/2025

15:14

700

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез и понатаму ги воодушевува своите обожаватели со детали од својата венчавка од соништата со Бени Бланко.

Актерката овој вторник на Инстаграм сподели серија нови, интимни фотографии кои откриваат досега невидени моменти, вклучувајќи го и првиот поглед на нејзиниот трет венчален фустан – оној за свечениот прием.


Винтиџ фустан за прием

На една од фотографиите, 33-годишната Гомез го бакнува својот сопруг на подиумот за танцување, облечена во елегантен бел фустан инспириран од винтиџ стил, со срцевидно деколте. Оваа објава откри дека пејачката за време на својот посебен ден носела дури три различни креации, а сите се дело на славниот дизајнер Ралф Лорен.


Долг долен дел и чипка на главната венчаница

Ѕвездата на серијата „Only Murders in the Building“ откри и детали од својот главен венчален фустан. Станува збор за елегантна тоалета со „халтер“ изрез, украсена со чипка околу вратот и со долг, раскошен шлеп. Изгледот го заокружила со едноставен долг вел и фризура во стилот на стариот Холивуд – со бранови и страничен раздел.


Чипкана втора венчаница

Третата креација била уште една долга тоалета со „халтер“ изрез, но овојпат со изразен, структуриран корсет и нежна чипкана „опашка“, додавајќи нота на модерна романтика.


Букет што симболизира љубов

Покрај модата, Селена споделил и други лични детали. Фановите можеа да видат крупен план од нејзиниот венчален букет составен од ѓурѓовденчиња (ѓурѓевак). Меѓународно признатиот планер за свадби, Тајлер Спајер, за „People“ ја објаснил симболиката на овој цвет: „Претставува љубов, чистота и обновување.“

„Толку се нежни и класичен избор за свадбен букет,“ рекол Спајер. „Тие се безвременски избор и популарни се веќе многу децении,“ додал.

Торта со фигури на младенци

Меѓу фотографиите се нашла и свадбена торта во форма на срце со црна глазура, на која пишувало „just married“, како и фигури на младенци. Самата церемонија се одржала под цветен лак во голем бел шатор, додека приемот бил осветлен со свеќи. Масите биле украсени со аранжмани од далија, а есенска нота додавале сомиотски (баршунести) столици во боја на 'рѓа.


Да потсетиме, парот се венчал на 27 септември во Санта Барбара, Калифорнија, а на свадбата присуствувале бројни ѕвезди, меѓу кои: Тејлор Свифт, Ед Ширан, Стив Мартин, Мартин Шорт, Камила Кабељо, Парис Хилтон, Пол Рад и Кара Делевињ.