Кит Урбан по разводот ги изненадил речиси сите: Извори тврдат дека веќе има друга жена...

Точка

01/10/2025

09:03

1.179

Големина на фонт

а а а

Разводот на Никол Кидман и Кит Урбан после 19 години брак одекна како бомба во Холивуд, а сега странските медиуми пишуваат дека пејачот наводно веќе има друга жена.

Како што пренесува „TMZ“, извори блиски до актерот тврдат дека „сите знаци укажуваат на тоа дека Урбан е со друга жена“.

„Никол тоа не го оспорува, но и натаму е шокирана“, рекол инсајдер.


Да ве потсетиме, веста за разводот парот ја објави на почетокот од неделава, а Никол Кидман вчера официјално поднела документи за развод. Иако наводно од јуни живееле одвоено, дури сега е потврдено дека нивниот брак завршува.

Според наводите на изворите, токму Урбан (57) бил тој којшто иницирал развод и го напуштил семејниот дом во Нешвил, додека Никол наводно сакала да го спаси бракот.

Актерката во изминатиов период сама се грижела за нивните ќерки Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.

Блиски пријатели велат дека нивниот развод не е изненадување и дека проблемите само се таложеле низ времето.


Да ве потсетиме, последен пат тие биле видени заедно во јавноста на фудбалски натпревар во Нешвил, но на годишнината од брак Кит не објавил честитка, додека пак Никол споделила заедничка црно-бела фотографија со емотивна порака.

Инаку, Урбан уште минатата година признал дека на почеток на бракот поради зависноста за малку ќе ја уништел идилата, но Никол останала покрај него.