Карпа се урна врз хотел, гостите панично бегаа на балконите и врескаа: „О, Боже мој!“

Точка

01/10/2025

18:45

901

Големина на фонт

а а а

Обилните дождови предизвикаа активирање на свлечиште, при што огромни карпи се урнаа врз хотелот "Vibra Tropical Garden" со четири ѕвезди.

Ураганот „Габриел“, кој од минатата недела беснее над Атлантикот, го опустоши шпанските острови Ибица и Форментера, како и провинцијата Валенсија. Видеоснимки на социјалните мрежи прикажуваат автомобили што ги носи надојдената вода, додека пожарникарите имаа полни раце работа зашто многу луѓе останаа заробени во своите домови и возила. Бројни сообраќајници беа поплавени, а штетата е огромна, пренесува „Dnevnik.hr“.

По одронот, четири лица биле заробени во хотелот што се наоѓа во близина на познатата плажа Фигуеретас и недалеку од центарот на градот и старата четврт на Ибица. Две од трите повредени лица добиле лекарска помош на самото место поради полесни повреди, додека третото било пренесено во најблиската болница.

Објавена е и снимка на која се слуша британска туристка како повеќепати вика: „О, Боже мој, о, Боже мој!“ додека камењата придружени со силен удар се уриваат врз хотелскиот комплекс. На видеото се гледа и како гостите во тие драматични моменти панично излегуваат на балконите.

Околу 220 гости биле евакуирани во текот на ноќта и префрлени во хотели во блиското летувалиште Плаја д’ен Боса.