Израелски војници притвориле две палестински деца во Хеброн, на окупираниот Западен брег, под обвинение дека се „шпиони“.
Видеото објавено од страна на „TRT Balkan“ на Инстаграм ги прикажува расплаканите деца кои војниците ги испрашувале за нивниот татко, кратко ги задржале, а потоа упаднале во нивниот семеен дом.
Во текот на инцидентот, стои во објавата, војниците им се заканувале и на локалните трговци кои се обиделе да ги заштитат исплашените деца.
„Мили души, како се држат за раце“, „Какви трауми се ова, тие се само деца“, „Најголемо зло на светот е човекот“, „Срцето ми се крши на илјада делови, а душата плаче“, се дел од коментарите под видеото.