Први октомври во Србија започнал многу несекојдневно, па така утрово се појавија видеа од првиот снег којшто вее, на планината Голија.
Како што може да се види од видеото кое било поставена на Инстаграм, во идиличен амбиент, моментално непрекинато врнат крупни снегулки, па личи како денеска да е почеток на декември, а не октомври.
Дека времето деновиве е „надвор од контрола“, најавил и Републичкиот хидрометеоролошки завод во Србија, којшто денеска издал итно предупредување за Србија кое најавува драстична промена на времето и исклучителни врнежи, вклучувајќи снег на повисоките предели, во текот на четврток и петок (2 и 3 октомври 2025 година).
Се очекува дождот и снегот да предизвикаат сериозни проблеми, особено на југот, во центарот и на истокот од земјата.
„Денес умерено до целосно облачно, на места со дожд на запад, југозапад и југот од земјата. Кон средина на денот и во северните предели неконтролирани врнежи од дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен. Највисоката дневна температура од 13 до 16 степени Целзиусови. Во текот на ноќта кон четврток облачноста ќе биде зголемена со дожд“, навеле од РХМЗ.
Снег на планините
Истовремено, издадено било предупредување за планинските предели. Во југозападните, јужните, југоисточните и источните делови од Србија се очекува снег и формирање на снежна покривка.
На планините се очекува формирање снежна покривка со висина од 25 и 50 сантиметри за период од 48 часа.