Ерик Трамп во понеделникот „експлодирал“ во живо на телевизија поради сугестијата дека неговиот татко, претседателот на САД Доналд Трамп, го користи Министерството за правда како оружје против своите политички противници.
За време на жестоката тирада во емисијата на Роб Шмит на телевизијата „Newsmax“, наследникот на Трамп беснеел за тоа како тој и неговиот татко всушност долго време биле жртви на т.н. непријатели, па дури и тврдел во еден момент дека „тие“ се обиделе да го разделат претседателот и првата дама Меланија Трамп и „да ја разделат нашата фамилија“.
„Тргнаа на мене како да сум куче“, беснеел Ерик Трамп додека гласот му растеше, пренесува „Huffington Post“.
„Се обидоа да го отповикаат мојот татко двапати. Го напаѓаа поради ‘руската измама’ која не постоеше... Го отстранија од социјалните мрежи. Го искористија секој јавен обвинител и секој окружен обвинител низ земјата како оружје.“
Подоцна изнел шокантно тврдење:
„Го замолчеа одново и одново. Му влегоа во куќата. Влегоа во Мар-а-Лаго. Се обидоа да го разведат. Се обидоа да ја разделат нашата фамилија.“
Ерик Трамп не понуди докази што би ги поткрепиле неговите тврдења за развод или разделување на семејството.