Го намалува целулитот и ја забрзува циркулацијата: Миранда Кер се колне во овој трик за младоликост, без него не го започнува денот

Точка

27/09/2025

14:00

1.444

Големина на фонт

а а а

Миранда Кер е австралиски успешен супермодел којшто од 2007 година била прогласена за еден од ангелите на „Викторија Сикрет“, а од тогаш како времето да запрело за неа.

Иако во мај годинава наполнила 42 години, лицето и изгледа младолико и многу негувано.

Како што открила за „Elle“ тајната е во една дневна рутина која не ја прескокнува секое утро.


„Рутината во која се колнам е суво четкање на телото (dry body brushing)“, рекла таа и додала:

„Едноставно го обожувам начинот на којшто ја зголемува циркулацијата. Тоа е нешто што го правам секое утро пред да се истуширам и едноставно се чувствувам навистина добро“.

За сувото четкање на телото Миранда користи долги движења во правецот на срцето, до стапалата.

Користи кружни движења на чувствителните подрачја како што е стомакот и пазувите, а кога ќе заврши, се тушира и го хидрира телото.

Што е суво четкање на телото?

Сувото четкање на телото е техника во која сувата четка со влакна се користи за пилинг и масажа на кожата за да се подобри циркулацијата и да се стимулира лимфниот систем. Овој ритуал се поврзува со ајурведската медицина.


„Сувото четкање понекогаш се поврзува со подобрување на текстурата на кожата, намалување на целулитот, па дури и детоксикација, иако научните докази за некои од овие тврдења се ограничени“, пишува „Healthline“.

Се верува дека користењето на четка со груби природни влакна и кружните движења помагаат во подобрување на протокот на крвта и ја подобруваат способноста на кожата да ги елиминира токсините низ порите.

Ова го олеснува потењето на телото, што за возврат се намалува количината токсини кои течат низ лимфниот систем.